Репрезентацијата на Македонија на 23. март 2016. година во Копер ќе одигра контролен натпревар против најдобрата селекција на Словенија.
Селекцијата предводена од поранешниот селектор на нашиот национален тим, Сречко Катанец е рангирана на 61 место на ФИФА листата.
Во групата „Е“ од квалификациите за Европското првенство во Франција 2016 година, Словенија заврши на третото место и се пласираше во бараж за пласман на контененталниот шампионат.
Македонија и Словенија досега имаат одиграно три пријателски натпревари. Првиот официјален натпревар за репрезентацијата на Македонија на 13. октомври 1993 во Крањ го добивме со 4:1, на 23. март 1994. година во Скопје славевме со 2:0, а на 4. ноември 2012. година победивме со 3:2.
Ohridnews