Македонската фудбалска селекција на 14 август на домашен терен ќе одигра пријателска средба со репрезентацијата на Бугарија.

Мечот со источните соседи ќе биде генералка пред натпреварите со Велс и Шкотска во квалификациите за Светското првенството во Бразил 2014.

Покрај пријателската со Бугарија, Македонија на 11 јуни ќе одигра контролен натпревар со селекцијата на Норвешка.

Мх.П.