Како што пренесуваат медиумите селекторот Катанец на ваков потег се се одлучил поради тоа што неговите избраници ќе имаат поголем мир и подобри услови за тренинг и дека ќе мислат само на мечот, што немало да биде случај ако тренинзите биле во Холандија.
ќе ги гледаме само на ТВ – Катанец и македонските репрезентативци
Ова нема да е прв пат Македонија да не се подготвува дома. Таква беше праксата на последните пријателски натпревари кои ги одигравме, со Црна Гора загубивме 2-1, со Молдавија ремизиравме 1-1, а истото се случи и на тест средбите со Босна и Херцеговина 2-2 и со Полска 1-1.
Охрид беше базата на селекторот Катанец во циклусот квалификациски натпревари за ЕП 2008 . Македонските репрезентативци на “Билјанни“ се подготвуваа за мечевите со Англија и Хрватска , како и подготовките пред јунската турнеја во Германија.
И за крај кому му користи тренирањето зад затворени порти. Тренинизите на бразилската репрезентација се отворени за јавност, а на нив на последниот Мундијал присутвуваа над 20 илјади гледачи. Новиот предводник на Челзи Хус Хидинк ги отвори тренинзите на екипата за навивачите а на првиот таков тренинг присуствуваа над 6 ијлади гледачи.