Најдобрата фудбалска селекција во Македонија ги откажа подготовките во Охрид кои беа закажани од 30 август до 3 септември.
А репрезентација во градот под Самоиловите тврдини требаше се подготвува за мечот со Албанија кој е прв во рамките од квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година.
Како што пренесува „Македонски Спорт“, подготовките се откажани од селекторот Игор Ангеловски кој лично го посетил стадионот Атина Бојаџи по одржаните концерти од фестивалот „Ohrid Calling“.
Подготовките, најдобрите репрезентативци на Македонија ќе ги одработат во Скопје, а мечот со Албанија го играат на 4 септември во 18 часот во градот Скадар.
OhridNews