На само чекор до полуфиналето се нашите jуниори кои синока во инфаркт натпревар ,во незаборавна атмосфера во салата Билајнини Извори стигна до поскуваната победа 32-29 .
Маестрално го одигравме првото полувреме кога буквално се ни одеше од рака, имавме разновидна игра од поле, располжен голмански тандем, а како и на сите досегашни натпревари ја имавме и публиката како наш 8-ми играч.
Ги изненадивме Египќаните со брзата игра и направивме +3 разлика која ја одржававме до 20 мин. Египќаните ги консолидираа редовите и на 3 мин пред крајот се вратија на -1, 14-15, но со 2-0 серија на одмор заминавме со 14-17 .
По лошиот старт на второто полувреме Египќаните со 4-0 во 36 мин. стигнаа до првото водство. Започна играта на конец во која на неколку пати се менуваше водството теж на едната теж на другата страна. По голот на Саад за 26-24 водство на 5 мин пред крајот навидум изгледаше дека се` е готово. Но на сцена стапи резервниот голман Трајковски кој со серија одбрани ја врати самодовербата и публиката во игра. Првата меч топка ја имавме на 3 мин пред крајот, но Левов не релизира пенал. Во последната минута влеговме егал 29-29. Профитиравме од грешките на “фараоните“ кои не можеа да го издржат притискот и на крајот ја забележавме посакуваната победа од 3 гола разлика Македонија – Египет 30-27.
Селекторот на Египет Карим Морад ја истакна прекрасната атмосфера во салата, но не изрази големо жалење за поразот бидејки ова е тим од кој допрва треба да се очекуваат резултати.
Македонскиот селектор Вујовиќ кој се покажа не само како добар стручњак туку и како одличен познавач на математиката се заблагодари на публиката и на своите играчи.
– Се ` е овде прекрасно и ние го живееме нашиот сон. Го направивме првиот чекор, останува само да ја задржиме самодовербата и да го направиме и наредниот вечерва против Франција.
Во пресрет на денешниот натпревар математиката е јасна. За наш влез во полфиналето потребно е Египет да го совлада Кувајт, Германија Шведска, а ние да ја победиме Франција.
Охрид вчера дишеше со црвено – жолтите, по завршувањето на натпреварот долго во ноќта се вееа македонски знамиња и се прославуваше победата на македонската репрезенација. Најразочарание беа оние кои не го следеле натпреварот во салата, но сите со одговор “вечер задолжително одам на Македонија – Франција“
Натпреварот се игра во 21 часот во Билјани Извори.
Мирко Постоловски