Македонската сениорска фудбалска репрезентација интензивно се припрема за претстојниот квалификационен натпревар против Израел. На денешниот тренинг што се одржа на стадионот „Билјанини Извори“, селекторот Катанец ги имаше сите фудбалери на располагање освен нашиот најдобар играч, Горан Пандев, кој треба да дојде денес, 29-ти мај.
Од нашиот сограѓанин и тренер на голманското трио во репрезентацијата, Данчо Целески, дознаваме дека атмосферата е на високо ниво, а првиот голман Јане Николоски изјави дека „е спремен и се надева на победа“. Репрезентативниот камп ќе биде во Охрид до четврток, а потоа заминува во Скопје. Натпреварот против Израел е во сабота, втори јуни.
текст и фото:
С. Костоски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com