Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја објави првата ранг листа на најдобрите светски селекции во 2016 година. На листата, која е објавена во четвртокот, Македонија се наоѓа на 138-то место.


Според рангирањето на ФИФА, Македонија назадува за две места во однос на претходното рангирање. Пред Македонија повторно се фудбалски анонимни репрезентации како Хонг Конг, Куба, Филипини, Намибија, Свазиленд, Казахстан, Палестина, Судан, Мадагаскар…

Од репрезентациите со кои Македонија ќе игра во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, највисоко котира Шпанија која е трета на листата, Италија е 15-та, Албанија (38), Израел (71), а само Лихтенштајн има послаб рејтинг (165).

На врвот, во ТОП 10 репрезентациите нема промени прва е Белгија, пред Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.

Ohridnews