Македонските репрезентавици вчера ги завршија подготовките во Охрид  и утрово заминаа за Скопје каде во сабота на “Градски“ го играме квалификацискиот натпревар за пласман на ЕП против Израел .

На последниот трениг Катанец ги вогигруваше последните линии ,а по земја ке се обидеме да ги нападнеме израелците ,за кои сите во нашиот табор говорат со респект. Најголем опасност сигурно за противникот ке биде Горан Пандев кој поради обврските со Лацио последн се приклучи на подготовките во Охрид.

– Се работи за  една квалитетна репрезентација ,која игра  агресивен фудбал . Ние како и во минатите натпревари не се замараме многу со нашиот противник ,него ке ја наметнеме нашата игра .Со максимално залагање  и подршка од трибините која ние неопходна ке ги добиеме Израелците . Ништо не е готово има уште 6 кола до крајот е пораката на Николовски од Охрид.

– Во вториот дел имаме далку полесен распоред и со победа над Изреал би ја вратиле ниезвесноста во Е групата .Без разлика на најавените отсуства се работи  за доста добра репрезентација за која доволно говорат 11-те освоени бода во досегашниот дел од квалификациите . Не се за потценување имаат јако првенство ,ние имавме мал пех на минатите натпревари поради што останавме на оние 7 бода, вели Пандев . Тренигот со намален интензитет го одработи повредениот Васоски,па неговиот настап во сабота е неизвесен,во одбрана за очекување е неговото место да го завземе Вајс .

Пандев :Останувам во Лацио
        
Чест е да се игра во ЛШ ,и покрај сите проблеми со кои се соочивме одигравме одлична сезона.   Имаме одлична екипа која ја очекуват добри денови како во Серија А ,така и  во ЛШ .


Пандев во друштво со младите атлетичари од Охрид

Николовски :Заминувам од Хрватска

– На состанокот што го имав со челните луѓе во клубот ми беше кажано дека неможат да одговората н моите барања и јас заминувам.Имам договорен трансфер но ке ве изветам за тоа кога се ке биде готово ,се чека само да ги минам лекарските прегледи .

М. Постоловски