Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за дуелот со Литванија кој е прв од квалификациите за Европското првенство 2020 година. „Црвено жолтите“ силите со првиот ривал ќе ги одмерат на 21 март на „Филип Втори“ арената во Скопје.
Селекторот на средбата со медиумите Игор Ангеловски потврди дека Иван Тричковски и Стефан Спировски поради повреди нема да бидат во комбинација, а селекцијата ќе се комплетира со доаѓањето на голманот Столе Димитриевски.
Добро знаеме што не очекува, тоа е старт на квалификациите за ЕП 2020. На првиот натпревар со Летонија нема да играат Спировски и Тричковски, по консултација со лекарите. Чест е да се работи со овие момци, сега целата јавност од нив бара да се пласираат на ЕП 2020. Ние одиме од натпревар во натпревар. Што се однесува до противникот, имавме доволно време да направиме детална анализа. Се работи за тим составен претежно од домашниот шампионат и ривал доста незгоден при прекините и дуел играта. Мора да внимаваме при тие работи. Не бегаме од улогата на фаворити, сакаме да победуваме против секого. Рано е да говориме за целите во овој циклус. Не би говорел за цели, Македонија има два начина да се избори за ЕП 2020, што е цел и сон на сите. Се надевам дека ќе го оствариме. – изјави селекторот.
Фуудбалерот од средниот ред, Ферхан Хасани истакна дека јубилејот на Горан Пандев, 100 натпревари во репрезентативниот дрес ќе придонесе за уште поголема мотивација за наша победа.
Во денешниот фудбал нема слаб противник, ние игравме добро на изминатите натпревар и ќе се обидеме да продолжиме во тој ритам. На мечот со Летонија имаме дополнителен мотив за победа. Да триумфираме и за Горан Пандев кој ќе настапи по 100 пат за Македонија. Тој е пример за човек и голем спортист и чест е да бидеш во ист тим со Пандев. – рече Хасани.
После дуелот со Литванија на 21 март, Македонија гостува во Словенија. Натпреварот ќе се одигра на 24 март.
OhridNews