Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски направи принудни измени во репрезентацијата, повикувајќи ги Агим Ибраими и Стефан Ашковски, за трите воведни мечеви од квалификациите за пласман на Мундијалот.
Ибраими кој настапува за албански Кукс ќе го замени повредениот Иван Тричковски додека Ашковски ќе биде резервна опција за Ѓоко Зајков и Тихомир Костадинов, кои поради позитивни ковид тестови отпаднаа од комбинација.
Собирот на „црвено жолтите“ е утре (понеделник). Првиот меч Македонија го игра против Романија, а потоа следуваат дуелите со Лихтенштајн и Германија.
OhridNews