Охридскиот фудбалски клуб се засили со нов фудбалер, откако во своите редови го доведе Ајрадин Цуцули.
27-годишниот фудбалер кој е дефанзивец во редовите на Охрид се преселува од Велазерими каде помина поголем дел од кариерата. Цуцули има и меѓународно искуство играјќи во косовскиот клуб Феризај.
„Рибарите“ со доведувањето на Цуцули го пополнија ростерот што се однесува на последната линија од теренот.
Цуцули е шести нов фудбалер во Охрид во летниот преоден рок. Претходно на охриѓани им се приклучија Оливер Митрески, Оливер Дишлиески, Фатмир Ариф, Един Мерсовски, Никола Симоновски.
OhridNews