Легандарниот италијански фудбалер, Џајнлука Вијали во својата нова книга откри дека година дена води жестока битка со ракот. Вијали, моментално се чуствува добро, но продолжува да се бори, а книгата се надева дека ќе биде инспирација за сите кои се соочиле со ужасната болест.

  • Во целата ситуација најтешко ми беше да им кажам на моите најблиски. Година дена се борам и сега сум многу добар и јак како порано. Незнам како овој меч ќе заврши јна крајот, но моментално се чуствувам како победник. – изјави Вијали.

Италијанецот имаше фантастична кариера и беше синомим и репрезент на Италија во англискиот фудбал. Вијали настапуваше за Челси, а потоа и го водеше клубот. Имаше епизода и во Ватфорд, но сега е без ангажман.

OhridNews