Екипата на Вардар со 28-24 го совлада Пелистер во некогашното „шампионско“ дерби кое одлучуваше за владетелот во македонскиот ракомет.

Од 2005 година титулата во мак-ракометот е само пуста надеж за битолските „зелено бели“ кои беа синоним за квалитетен ракомет и неисцрпен извор на ракометни таленти и репрезентативци.

Наспроти нив „црвено црните“ минатата сезона ја освоија осмата титулата во историјата, но на патот им стоеше Металург, а не како некогаш, Пелистер.

Дерби средбата во 4-та рунда во Супер лигата ја наполна салата „Младост“ во Битола, но далеку е од она што се случувало порано на трибините во пресметките меѓу лутите ривали.

Битолчани искрено се надеваат на реанимирање на Пелистер и да застане рамо до рамо со Вардар и Металург во битката за македонскиот ракометен врв.

Мх.П.