Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 22-годишен жител на Струга. Тој, на 30. септември на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга, физички нападнал 17 – годишна малолетничка, со која претходно бил во љубовна врска, нанесувајќи и повреда.
Вчера, пак, во 11.30 часот, во струшкото село Лабуништа е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу две возрасни лица, двајцата од Лабуништа. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР Охрид.
OhridNews