Пластови смог се надвиснати над Охрид во вечерните и утринските часови. Иако ваквата слика се повторува долги години, надлежните ниту еднаш не излегле со официјални информациии за степенот на загадување со опасни честички во водухот.

Како што дознаваме, во Охрид нема мерна станица за мерење нивото на смог, но постои мобилна апаратура во сопственост на Југозападниот плански регион, која во моментов и е отстапена на општина Кичево.

Деновиве во повеќе градови во земјава се измерени големи количини штетни честитки во воздухот, кои се за неколку пати повисоки од законски дозволените.

OhridNews