Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид од 24 до 26 овој месец во Благоевград ќе учествуваат на турнирот „Бугарија Опен 2017“ кој е во рамките од А класата.

На турнирот ХВА РАНГ ИТФ ќе настапи со две екипи од 10 до 14 години и од 14 до 15 години, а силите со своите противници ќе ги одмерат во спаринг-борби поединечно и екипно.

Од клубот се надеваат дека повторно теквондисите ќе се престават во одлично издание и ќе донесат медали и признанија од гостувањето во Бугарија.

OhridNews