Граѓани на Охрид кои рекреираат во месноста Горица реагираат на одредени активности што се случуваат во ноќните часови во околината на поранешниот комплекс „Парк“. Имено, во текот на целата недела тука навечер доаѓаат камиони без ознаки полни најверојатно со земја и друго, кои се истовараат на околните имоти, велат очевидци кои ја контактираа нашата редакција.

Граѓаните прашуваат што се прави во Горица и зошто се работи ноќе. Одговор побаравме од надлежните институции, но до објавувањето на веста не ја добивме бараната информација.

Неофицијално се работи за приватни имоти на локација каде се уште нема урбанистички план. Јавниот пат кој се користи за пристап до таму е полн со калливи траги и прашина, кои од време на време се мијат со цистерна, велат граѓани кои секојдневно минуваат тука.

OhridNews