Холандскиот гигант Ајакс со оригинален потег им се оддолжи на најверните фанови, кои беа голема поддршка за клубот изминатиов период кој го одбележа кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Ајакс пехарот кој го доби за освоената титула во Холандија минатата сезона го стопи и направи 42 000 ѕвездички, кои им ги подели на точно 42 000 фанови. Тие се оние фанови, кои минатата сезона имаа купено сезонски билети.

Со овој потег, а и со неколку слични на овој изминативе години, холандскиот клуб покажува дека заслужено е во светскиот фудбалски крем. „Копјанците“ имаат прочуена фудбалска школа, а во исто време сличен третман добиваат и фановите.

OhridNews