Авион од типот А 380 супер џамбо со 500 патници на компанијата “Air France” принудно слетал во воеена база во источна Канада поради сериозни оштетувања на еден од четирите мотори кој буквално се распаднал за време на летот. Авионот летал од Париз за Лос Анџелес, а проблемите започнале над Гренланд по што пилотите успешно го спуштиле леталото на воен аеродром.

Причините за оштетувањето на моторот засега се непознати, но не се исклучува можноста тие да биле предизвикани од судар со птици.