Ривалството помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс ги надмина спортски граници пред реваншот во финалето во најквалитетното клупско натпреварување во Јужна Америка, Копа Либертадорес. Симпатизерите на Ривер Плата го нападнаа клупскиот автобус на Бока Јуниорс и го каменуваа.
Сите го осудија потегот на навивачите од Ривер Плата, но секој ден има некоја нова информација што покажува точно се случувало и како започнал големиот инцидент. На социјалните мрежи осамна фотографија на која фудбалерот на Бока Јуниорс, Фернандо Гаго им го покажува средниот прст на навивачите од Ривер Плата. Нападот на автобусот сигурно не е мерка за правда, но вжештената атмосфера си го направи своето.
Двајца играчи од Бока Јуниорс минаа со расекотини на лицето, а токму поради повредите на играчите дербито одложено во сабота и во неделата. Терминот на дербито познато како „Супер класико“ ќе се одреди дополнително, а не се исклучува можноста да се одигра во некој град подалеку од Буенос Аирес.
OhridNews