Се осеќам некако возвишено. Жими све. Прв пат во мојов живот доживеав во НСРСМ да имат некакви протести но да немат организатор. И сенвичи. Прв протест да се немат политичка конотација, а македончето само без никој да го терат да се организират. Спонтано. Последно то се имат случено точно пред 1008 години или поточно во 1014 година. И тогаш, како и секогаш македончето се нареди на ред во бројка од 15 – тина иљади си застана на ред, мирно, дисциплинирано и спонтано еден по еден без галама чекаа на ред хаус мајсторот на Васета втори да им ги подископат очината.

Дури и оние мајсторот шо им оставал по едно се карале со него да им го извјат и то. А од извори блиски на Биљана дознаваме дека голем дел од тие со едно око сами си го ваѓале со ноктето од чулчето. Шо да прајш. Македонче. Дисциплинаро. Спонтано.

Така и вчера. Голема маса на Македонци ја изразија својата љубов према Владата. Од среќа, радост и љубов им упатија срдечни, јајца, шишишиња како и петарди ко на секоја прослава. И то све спонтано. И види вака. Еднаш за секош да се знајт. Спонтаноста на Македончоте му е второ име.

Зато јас не вервам дека Мицко или Апасиев ги имет организирано луѓево вака срдечно да се одразвет кун нашата ни Влада. Први и прво Мицко уште немат прочитано шо имат во Францускиот предлог. И како да изразит незадоволство. Да викаш НЕ на нешто шо незнајш какво е требит да ти фалит штица. А јас го посматрав Мицалета и се приметвит дека е цело дебло. Даб. Не е бичен да е штица. Не така?

А Апасиев не би ги повикал вака да изкажвет љубов со патлиџани, други зарзавати, марули и јајца….не ќе прајт мимоза салата. Јас се сеќавам пред многу години чоекот кажа дек му требит сабја да ги решават политичките проблеми. Мада тогаш Апасиев ко побара сабја беше голобрадо дете голомеше. То беше одавна. Сега е сасмо дете голомеше. Значит не е и тој.

И види. Од каде Мицко да го знајт предлогот ко ни сам Таче не го знајт. Не дека не го читал туку не го разбират. И шојмат тој да го разбират. Разбрал не разбрал како ќе му свирет така ќе играт. Само мене не ми е јасно з`ш НСРСМ не закажа владина седница за вчера и да го прифатеше предлогот. Таман си беше. Вчера 4-ти јули, голем наш христијански празник. Односно ден на независноста на американскиот, демократски народ кој ни наредвит да го прифатиме предлогот на францускиот возљубител.

И овде некако спонтано почнавме да го славиме денов на Американецот. Пред то сосила не тераа да ојме Белчишта и сосила да го славиме денот на борецот. Јас како детиште се сеќавам одев таму и не ми беше јасно како славам ден на борец, а знам дека појќе беа оние шо паднале во варница, а земвеа боречка пензија. Ваљда спонтано.

Е тек едно време и јас, како секој Македонец се заразив со спонтаноста и менав славата. Па зато и спонтано ќе го прифатиме предлогот како шо спонтано прајме протести.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.