Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски, во недела, 3 јули, на празникот Св. Наум, ќе го плива четвртиот подвиг ова лето. Овој пат тој ќе плива од Струга до манастирот Св. Наум во должина од 30 километри.
Претходно во јуни, Марко преплива три делници од Радожда до Охрид (14 км), Градиште (18км) и Трпејца (20км).
Марко Пејчиновски ова лето пред себе си зададе цел да преплива десет различни дистанци на Охридското Езеро во вкупна должина од 250 километри.
Г.М.