Најобемното тестирање на банкноти од Американскиот долар во САД за присуство на дрога дало зачудувачки резултати. Биле тестирани банкноти во повеќе од 30 градови низ светот. Студијата покажала дека 95 проценти од примероците земени во главниот грд на САД на себе имале траги од кокаин.
Истражувачите веруваат дека тоа е доказ за голем пораст на бројот на луѓе кои користат опојни дроги во САД. Покрај Вашингтон висок процент на присуство на кокаин има и во Балтимор, Бостон и Детроит. Најнизок процент има на примероците кои биле земени од Кина, односно само 12 проценти.