Со пригодна свеченост и истористи час, денеска на пладне, во спомен кучата на Христо Узунов, во Охрид ќе биде одбележана 95 годишнината од смртта на Петар Чаулев. За ликот и делото на Петар Чаулев ќе говорат
д-р. Павле Митрески и д-р. Никола Митровиќ.
На денешен ден во 1924 во Милано, од страна на врховистите е убиен македонскиот револуционер, охриѓанецот Петар Чаулев.
Чаулев е еден од потписниците на Мајскиот манифест на ЦК на ВМРО во 1924 година, во кој е прокламирана борбата за ослободување и обединување на сите делови на Македонија во независна политичка единица во рамките на една балканска федерација.
Роден е во Охрид, во 1882 година. Револуционерната дејност ја започнал уште пред Илинденското востание во кое учествуваше како војвода во Крушевско и во Охридско.
OhridNews