Во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи на ковид-19. Најмногу нови случаи има во Скопје 49, потоа во Куманово 2, Штип 8, Прилеп 1, Тетово 6, Струга 2, Гостивар 13, Кочани 2, Свети Николе 9, Кичево 2.
Министерството за здравство информира дека починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица.
Досега во земјата се направени вкупно 81604 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8623, бројката на оздравени пациенти е 4603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3619.
OhridNews