За присоединување на автономната република Крим кон Русија гласале 93 отсто од жителите на проруската украинска автономна република, според излезните анкети што ги спроведе Кримскиот републикански институт за политички и социолошки истражувања, а според првичните податоци одѕивот на гласачите надминал 80 отсто.

„Резултатите од излезната анкета за референдумот во Крим и Севастопол гласи: 93 отсто се изјасниле за присоединување на Крим во Русија со право на субјект во рамките Руската Федерација, седум проценти се изјасниле за враќање на уставот на Република Крим од 1992 година и статусот на Крим како дел од Украина”, се наведува во соопштението на институтот, што го цитира РИА Новости.

Излезната анкета на Кримскиот републикански институт за политички и социолошки истражувања бил спроведен врз примерок од 150 учесници на референдумот во Крим и 450 во Севастопол, со вкупно анкетирани 59.111 испитаници.

Околу 1,8 милиони регистрирани избирачи во јужната украинска автономна република Крим во недела гласаа на референдум за да се изјаснат каде ја гледаат својата иднина, во Украина или Русија. Врховниот совет (владата) на јужната украинска автономна република Крим, каде мнозинство се етничките Руси и русофоните а се наоѓа и седиштето на руската Црноморска флота, на 6-ти март распиша референдум на кој населението ќе одговара на две прашања: Дали сте за повторно обединување на Крим со Русија со овластувања на субјект на Руската Федерација? И Дали се за обновување на Уставот на Република Крим од 1992 година и за статусот на Крим како дел од Украина?.

Гласачкото ливче е отпечатено на трите јазика, руски, украински и кримско-татарски, а за решение ќе биде сметан оној одговор за кој ќе се изјаснат повеќе од половината излезени избирачи. Ќе се гласа на 1.205 избирачки места околу кои во саботата беа распоредени силни единици на ткн „единици на самоодбраната”, а западните медиуми известуваат дека забележително е и присуството на руските војници.

Уште во 1992 година требаше да се одржи референдум за тоа дали Крим ќе биде дел од Русија или од Украина. Меѓутоа, украинските власти со спречија референдумот, ги распушти тамошните органи, а тогашниот претседател на Автономната Република Крим, го отстрани од должноста, но за возврат му даде широка автономија со право на самоодлучување.

OhridNews

извор: „Макфакс“