Старец од 93 години без страв се спуштил со јаже од една зграда. Овој старец се впишал во книгата на рекорди како најстар спуштач со јаже. Тој се спуштил цели 50 метри. Лес Пуг од Глочестершир со своето спуштање собрал пари кои ги дал во добротворни цели.
Изјавил дека било прекрасно баш како што и мислел. Навистина уживал и не бил ни малку нервозен. Најмладиот учесник на овој настан бил деветгодишник. Собраните пари ќе се донираат во локалниот јавачки клуб за хендикепирани и во терапискиот центар во Глочестершир.