Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа при направени 1.176 тестови регистрирани се 92 нови случаи со Ковид-19, тројца починати и 363 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 92 случаи од Скопје се 60, Кавадарци и Охрид по 6, Прилеп 5, Струмица 4, Куманово и Гостивар по 2 и Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево по 1.

Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.

Од 363 оздравени пациенти од Скопје се 200, Кавадарци 28, Велес 25, Куманово 17, Битола 14, Прилеп 13, Тетово 9, Кичево 8, Штип и Гевгелија по 7, Радовиш и Ресен по 6, Неготино 4, Струмица и Гостивар по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово по 2 и Валандово, Демир Капија и Дојран по 1.

Од тројцата починати двајца се од Скопје (73г и 80г), а едно починато лице е од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови.

Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews