Многумина сонуваат но само некои можат да си дозволат да го имаат автомобилот од своите соништа.
За да стане сонот остварлив се погрижиле World Class Driving Experience со единствена понуда за возење на најпожелните автомобили за релативно поволна цена.
Ламборџини, Астон Мартин, Ферари и останатите, ги полнат страниците на магазините.
Најголемиот број од читателите главно „плакнат очи“, а само малкумина привилегирани можат да ги возат. За „само“ 895 долари World Class Driving Experience нуди уживање од по 20 минути во дури три супер автомобили по избор.
Во понудата помеѓу другите се наоѓаат: Ferrari F430, Lamborghini Gallardo, Mercedes SLR, Ferrari 599, Aston Martin Vantage, Ford GT 40 и Porsche 911 GT3, кои се меѓу најбараните.
Ј.М.