Екипите на „ Јавна хигиена“ денес спроведоа акции за расчистување на магистралниот пат Скопје- Охрид на делницата до Подмоље и до населбата Свети Стефан. Акциите се реализираат по налог на општинскиот инспекторат, а се расчистува расфрланиот отпад околу коловозните ленти и тревниот дел.
На потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до село Подмоље се подигнати околу 60 вреќи пластични шишиња, хартиена амбалажа, лименки и друг вид на отпад, а на потегот Хидробиолошки Завод до населбата Свети Стефан 30 вреќи отпад.
Извршено е и уредување на патот до селото Орман од гранки и дива вегетација со цел непречено движење на пешаците и автомобилите.
OhridNews