Бројни медали за теквондистите кои беа дел од македонската репрезентација на меѓународниот А класа Таеквон-до ИТФ натпревар „СРБИЈА ОПЕН 2024“ кој се одржа изминатиот викенд во Нови Сад. На натпреварот кој е еден од најсилните во југоисточна Европа учествуваа 555 натпреварувчи од 11 земји од регионов.

M.Т.Т.Ф на овај престижен натпревар под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски, двајцата носители на црн појас 5 дан, учествуваше со 22 натпреварувачи од 5 клубови на М.Т.Т.Ф, кои натпреваруваа во две дисциплини, форми (борба со замислен противник) и спаринг-борби. Исто така, М.Т.Т.Ф учествуваше со 4 официјални лица и 5 лиценцирани судии.

Како една од најмалите репрезентации кои учествуваа на овој натпревар, можеме да се пофалиме дека имаме одлични натпреварувачи кои не израдуваа со 9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци, а севкупен пласман како држава сме на 4 место, каде пред нас се државите кои учествуваа со многу поголем број натпреварувачи од нашата репрезентација. Сите натпреварувачи до златото имаа по 3-4 борби, вели претседателот на М.Т.Т.Ф. Марјанчо Лазаревски.

Посочува дека со борбите почнале прво помаладите категории, за на крај на натпреварот завршните борби да ги водат повозрасните категории, кои направиле одлични борби.

Посебно за пофалба се натпреварувачите од клубот СОНКАЛ од Мислешево, Струга, кој осови 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали. Сите натпреварувачи зедоа медали. Теодор Ѓорески се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец, додека тренерите на овај клуб Давид Крстески со 4 борби и Марио Крстески со 3 борби, беа непобедливи на борилиштата освојувајќи златни медали во спаринг борби. Од охридскиот клуб МАСТЕР, Владимир Димитриевиќ со 3 победи се искачи највисоко на пиедесталот, докажувајќи дека е неприкосновен во неговата категорија, потенцира.

Од клубот ЧОНЏИ од Косел-Охрид, Михаил Крстаноски се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец.

Од клубот Ахилиус од Скопје, Теодора Митреска успеа да се искачи до второто место, додека од ХВА РАНГ ИТФ од Лескеоц Охрид, највисоко на пиедесталот се искачи повторно Миа Танеска во борби, која само пред две седмици во Плевен, Бугарија, беше прво место. Покрај неа со злато се закитија и Теодора Тодороска, Анастасија Трифуноска, Михаил Јоноски, истакнува Лазаревски, кој воедно упатува благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за учеството на репрезентација на овај престижен натпревар, Министерството за спорт и Општина Охрид.

Инаку, станува збор за натпревар каде многу држави ги носат своите најдобри натпреварувачи, припремајќи ги за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија, на крајот на април, следната година.

Фото галерија:

9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци на „СРБИЈА ОПЕН 2024“ за натпреварувачите на М.Т.Т.Ф

OhridNews