Деветто одделенците од ОУ„Григор Прличев“ ја прославија полуматурата, традиционално со маички. Се потсетија на годините изминати во училишните клупи, другарувањата, но не заборавија со убави зборови да им се заблагодарат и на наставниците за несебичното вложување во нивниот развој.

Доделени беа дипломи и пофалници на учениците кои постигнаа посебни резултати, а за првенец на генерацијата беше прогласен ученикот, Теодор Недевски од 9-1 одд.

Учениците во прекрасно расположение, преку песни и игри, а и по некоја солза за разделбата ја прославија полуматурата. 

OhridNews