Денот на Европа, 9ти Мај, со низа активности ќе биде одбележан и во Македонија .

Оваа година Европската Унија ја прогласи за „Година на меѓукултурен дијалог”, како една од најтемелните вредности на ЕУ, а со цел да се зајакне почитувањето на културната разновидност и коегзистирањето на различните културни идентитети и верувања. Мотото под кое ќе се одвиваат бројните манифестации денеска е „Не се тие и ние, туку јас и ти“.


ЕУ денес

Идејата за Европската унија се роди на  9. мај 1950 година, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Трговската заедница набрзо стана Европска заедница, а денес  Европска унија во која членуваат 27 држави. Макдонија е земја кандидат и го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.

ohridnews