Деветти Мај се одбележува како Ден на Европа.

На овој датум во 1950 година се роди идејата за Европската, кога францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во Париз ја прочита декларацијата со која ги повика Франција, Германија и останатите европски земји да ги здружат своите производства на јаглен и челик како „прва конкретна основа за создавање на европска федерација“. Трговската заедница набрзо стана Европска заедница, а денес  Европска унија во која членуваат 27 држави. Макдонија е земја кандидат и го очекува датумот за отпочнување на преговори за членство во Унијата.

Одбележувањето на Денот на Европа минува во сенка на финансиската криза во Грција која сериозно се заканува да го урне монетарниот систем на Унијата.

Соочени со опасноста лидерите на земјите од евро зоната викендов постигнаа договор за доделување на финансиска помош за Грција во висина од околу 110 милијарди евра.

Средствата ќе бидат доделени во следните три години со камата пониска од пазарнатам, со цел да се спаси евро зоната.


OhridNews