Најдобриот македонски пливач Евгенија Поп Ацев за само девет секунди не успеа да обезбеди А норма за учество на претстојните Олимписки игри во Токио. Поп Ацев во квалификациската трка на 10 километри коај се одржа во Португалија финишираше на 19-та позиција со неполна минута задоцнување од првопласираниот, девет секунди и две позиции од местото кое водеше на ОИ.

Иако трката беше несвојствена за мене, јас сум презадоволен каков резултат и пласман остварив. После повеќе од два часови борба што се вика за влакно не завршив како што посакував. Петгодишната напорна работа вроди со плод и дојдов на чекор од остварувањето на мојот сон. Чувствата се измешани, но сепак, горд сум што постигнав нов голем успех за мене и Македонија, – изјави Поп Ацев.

Тој упати благодарност до сите за комплетната поддршка за трката во Португалија и за сите изминати години во пливачката кариера.

OhridNews