Во последните 24 часа девет лица ја загубиле битката со корона вирусот Ковид 19, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар. Институтот за јавно здравје  денаска регистрира 103 оздравени пациенти.

Изминатото деноноќисе се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 од кои 1 во Охрид.

Нови случаи на Ковид 19 зе земјата: 
-Скопје 60
-Куманово 13
-Дебар 5
-Штип 16
-Прилеп 3
-Тетово 7
-Струга 1
-Велес 3
-Битола 5
-Охрид 1
-Гостивар 11
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 1
-Виница 1
-Свети Николе 3
-Кичево 5

Досега во земјата се  nаправени вкупно 94092 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.

OhridNews