Во последните 24 часа направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на КОВИД-19 во Скопје -145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола-14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2,  Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица по едно починато лице од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

 

OhridNews