На денешен ден во 1945 во Берлин, нацистичка Германија го ратификува актот за безусловна капитулација, потпишан во Ремс, Франција, на 7.05.1945 година. Победата на антихитлеровската коалиција се одбележува на 9 мај како Ден на победата над фашизмот.
Овој ден е симбол на крваво извојуваната победа над најголемото зло во 20 век кое одзеде десетици милиони жртви. За слободата на Македонија во Втората светска војна животот го загубија 38.000 луѓе.
Историјата не смее да се заборави и погазува порачуваат од Општинската организација на Сојузот на борците од НОВ. Втората светска војна е трагедија што не смее да се заборави, а 9 Мај е опомена таа да не се повтори, велат преживеаните борци од НОВ од Охрид.
Претседателството на општинската организација на Сојузот на борците од Охрид денеска одржа свечена, проширена седница, а по повод денот на победата над фашизмот кој воедно се одбележува и како Ден на Европа, во училиштата се одржаа историски предавања.
Г.М.