Охридската музичка сцена е побогата за бендот „8balls“ кој деновиве и официјално почнува со настапи.
Бендот кој има два вокала, го сочинуваат добро познатиот музички лик Владимир Сарафилоски – вокал, Митко Георгиевски – вокал и гитара, Марко Јованоски – гитара и Филип Блажески – кахон.
Ќе бидеме освежување на музичката сцена во Охрид и се надеваме во Македонија. Пред се ќе се залагаме за промоција на македонската забавна музика, а ќе ги свириме и најдобрите екс Ју хитови. Целта ни е да ги истакнеме вистинските вредности преку културна музика, а младите да ја запознаат подобро музиката од нашето поднебје. Подготвени сме да донесиме нова енергија која ќе зрачи со позитива која му фали на градот, па се надеваме на голема поддршка. – велат момците од „8balls“.
OhridNews