Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19, од кои 2 во Охрид и 11 во Струга. И натаму најголемо жариште е Скопје со 30 нови случаи, по што следи Штип со 13.

Министерството за здравство информира дека се починати три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица, ниту едно од Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

OhridNews