Со новоизгласаниот буџет за 2014 година Општината Охрид оддели 8.750.000 за спортот во градот.
Поголем дел дури 3.500.000 ќе бидат потрошени за изнајмување на простори каде тренираат и се натпреваруваат спортистите. 2.000.000 денари намените за спорт и рекрација во 2014 година ќе заминат за комунални услуги, греење, комункација и транспорт.
За изградба на други спортски објекти Општината оддели 2.000.000 денари, а за реконструкција и одржување на старите 600.000 илјади денари.
Охридската општина спортските клубови во градот ќе ги подржи со 1.500.000 милиони денари. На клубовите и индивидуалните спортисти во градот неопхдна им е финансиска поддршка од Општината.
Покрај одличните резултати на поединците и колективите во Охрид, сепак спортот е во надолна линија бидејќи никој не може да излезе на крај со финансиите.
Мх.П.