Македонската репрезентација на трите натпревари постигна 86 погодок
Најефикасен во македонската репрезентација по одиграните три натпревари против Тунис, Алжир и Полска очекувано е капитенот Кире Лазаров. Лазаров постигна 31 погодок што претставува повеќе од 1/3 на погодоците во црвено-жолтиот состав.
Втор на листата е Наумче Мојсовски со 14 погодоци. Најискусниот репрезентативец Стефче Алушески кој го постигна погодокот вреден два бода на мечот со Полска има 11 погодоци.
Левото крило на македонската репрезентација Темелков со 9 погодоци е четврти на оваа листата Миркуловски постигна 6, Ф. Лазаров 5, Макаловски 3 и Митков 1. Пивотмените во нашата репрезентација Димоски и Ѓоргоновски заедно постигнаа 5 погодоци.