Не престануваат измамите на стари и изнемоштени лица. Викендов охридската полиција регистрирала уште еден случај во кој лажни лекари оштетиле 86-годишна старица во селото Лескоец.

Две лица, кои се претстатавиле како медицински сестри од Битола на старицата и побарале 7 000 денари ветувајќи дека ќе добие доживотна нега без дополнителен надомест. Старицата на лажните медицински сестри им исплатила половина од побараната сума, по што тие си заминале во непознат правец.

Ова е трет ваков случај во охридско струшкиот регион регистриран оваа недела. На 25-ти ноември во селото Мешеишта, исто така две непознати женски лица отишле во домот на Т.К (79) и М.К. (81) претставувајќи им се како медицински сестри вработени во лекарска ординација на доктор од Битола. Тие им ветиле бесплатна медицинска нега за што побарале и добиле 6 000 денари.

На 23-ти Ноември оваа година, најверојатно истите лица ооколу 13 часот, дошле во домот на А.К.( 84) и Д.К.(84) од селото Подгорци-Струшко. Нив им се претставиле како вработени во Фондот за здравство од Битола и им кажале дека за неколку дена ќе дојде медицинска екипа која бесплатно ќе им пружа нега и помош. Притоа им кажале дека бесплатно им оставаат појас и пар влошки за чевли, додека за ветената лекарска  нега побарале и добиле 7. 000 денари.

СВР Охрид, презема оперативни мерки за идентификација и пронаоѓање на измамниците кои ги демнат старите и изнемоштени лица во руралните средини.

Претходно полицијата трагаше и успеа да го уапси измамникот кој лажно се претставувал како социјален работник. 38-годишниот И.М. од Прилеп, во периодот од Септември 2009 година до Март 2010 година, во повеќе села, извршил вкупно 10 кривични дела „Измама“.  Тој, во домовите на повозрасни лица, лажно се претставувал дека е овластен од Црвениот Крст или од Центарот за социјални работи да евидентира лица кои сакаат да добијат прехрамбени производи, покуќнина и друга стока по многу ниска цена како дел  од  хуманитарна помош. Притоа, приведениот на каса прими  ги запишувал лицата кои му поверувале и од кои земал пари ветувајќи им дека истиот ден со возило ке им биде доставена договорената количина на брашно, шеќер, масло,  конзерви, сувомеснати производи, ќебиња   и друга покуќнина.

OhridNews