Австралијанката Бет Калман која има 40-годишно искуство како инструктор по јога докажува дека оваа древна дисциплина навистина го одржува телото флексибилно. Таа може да изведе многу пози меѓу кои најтешки се паун, лотус и мост. Вели дека денес може повеќе отколку пред педесет години.
Водела центри за јога 33 години и редовно се појавувала на телевизија во 70-тите години на минатиот век. Се преселила во Мелбурн и планирала да се пензионира, но бидејќи постоел огромен интерес за јогата, повторно почнала да држи часови 11 пати неделно.