Во 2008 година 83,4 отсто од деловните субјекти во Македонија, кои вработуваат најмалку десет лица, имале пристап на интернет соопшти Државниот завод за статистика.

Статистиката покажува дека 93,5 отсто од деловните субјекти биле опремени со компјутери. Две третини од деловните субјекти користеле кмпјутерска мрежа ЛАН, а 21,3 отсто користеле безжичен интернет.

Најраспространето поврзување на интернет е преку ДСЛ технологиите, односно 65,1 отсто од деловните субјекти со пристап на интернет имале ваков тип на поврзување. Вкупно 55,5% од правните лица имаат сопствена веб-страница, соопшти Државниот завод за статистика.

Интернетот станува се поголем извор на информирање

Ohridnews