Шпанецот Jose Luis Iborbe Baque животот буквално го посветил на студирање и успеал од 19 до 82 години да стекне 13 универзитетски дипломи и 3 докторати.
Филозофија дипломирал на 19 години, а последната диплома ја добил пред еден месец.
Граѓанинот на Сарагоса дипломирал на право, географија и историја, историја на уметност, медицина, англиски, француски, германски, шпански, хебрејски јазик и класична филологија.
„Спијам само четири часа ноќе“, ја објаснил Iborte Baque тајната на својот успех бидејќи истовремено работел како правник, банкарски службеник и предавал на универзитет.
„Студирав право бидејќи на тоа ме натера таткоми, но мојата желба беа хуманитарните науки“, рекол Iborte Baque кој сепак на возраст од 73 години одлучил да се запише на медицина.
За медицинскиот факултет се одлучил кога лекарот му рекол да не ја коментира дијагнозата се додека не дипломира медицина.
„Три и пол години покасно на Божиќ, пу пратив копија од мојата диплома“, рекол жедниот за знаење шпанец, кој сега главна цел му е да научи арапски.
Своите мотивации ги објаснува со зборовите: „Колку повеќе човек знае, толку повеќе станува свесен колку малку знае“, и сака на гробот да му напишат „Во раката имам книга“.
Од учењето Iborte Baque не се откажал, дури повеќе се внесол по смртта на неговиот син во 2004 и сопругата во 2006.