Утрово, во сообраќајна незгода што се случила на булеварот „ Туристичка“ во близина на Историскиот архив потешко е повредена 81- годишна жена.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, жената била удрена од патничко моторно возило марка „ Фиат“ со охридски регистарски таблици, додека ја преминувала улицата на пешачки премин.
Поради здобиените тешки телесни повреди жената е пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“. Според последните информации повредената е вон животна опасност, но е задржана на понатамошно лекување.
OhridNews