Како што пишува на официјалната веб страна на ФФМ, до УЕФА доставени се однапред подготвени програми. УЕФА ќе инвестира во едукација на судиски кадар преку семинари, предавања, селектирање на нови судии преку спроведување на талент програмата и други активности.
Според програмата во првата година ќе бидат инплементирани 200 илјади швајцарски франци, а во наредните 6 по 100 илјади.
– Знаме дека Судискиот дел е еден од најважните и најзначајните во фудбалската игра и затоа мораме да работиме на негово унапредување и усовршување – вели Иван Корју шеф на канцеларија за судиски прашања во УЕФА.