Паралелно со оваа иницијатива ноќеска во стариот дел на Охрид осамнаа и голем број плакати и флаери на кои пишува: „Не за приватна плажа на Сараиште“.
Засегнатите граѓани велат дека акцијата со зголемен интензитет и активности ќе продолжи и натаму со цел, како што велат, да се зачува и задржи единствената слободна плажа во центарот на градот.
Граѓанската иницијатива против издавање на плажата во Сараиште под концесија ја подржале градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, Советот на општината, охридските пратеници во Парламентот, Завод и Музеј – Охрид, У.З. „Стар град“, Агенцијата за туризам на Р.М.,невладини организации, интелектуалци и вљубеници во Охрид.