На денешен ден во 1943. година на Славеј Планина, Дебрца, од припадници на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев“, од Велешкиот НОП одред „Димитар Влахов“, од Прилепскиот НОП одред „Ѓорче Петров“ и од новодојдени борци од територијата на Дебарца, бил формиран Првиот македонски НОП баталјон „Мирче Ацев“.
Дебрца во Втората светска војна била првата слободна територија во окупираната Македонија.
По повод 80-годишнината од формирањето на баталјон „Мирче Ацев“ денес, 18 Август -Денот на АРМ, ОО Сојуз на борци на НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на Општина Дебрца организираат собир и полагање свежо цвеќе на споменикот на Славеј Планина.
OhridNews